За време на пандемијата, актерката се преселила на островот Ванкувер, каде, како што вели, се сетила на личноста што била претходно.
Актерката Памела Андерсон го напушти Холивуд на почетокот на пандемијата и се врати во родната Канада, островот Ванкувер. Сега проговори зошто дошла до таа одлука. Таа за Women’s Wear Daily изјави дека тоа е начин за неа „навистина да погледне во својот живот и да се сети која е таа“.
Таа рече дека не сака да биде „тоа што другите рекоа дека е“. „Не сакав се што се случи да дефинира кој сум јас. Сакав она што го правам да ме дефинира и сите овие сознанија ми дојдоа во мојата градина со рози“, рече таа.
Претходно, Андерсон изјави за Better Homes & Gardens дека во еден момент „се откажала“ и почувствувала дека и треба промена, а потоа се оддалечила. „Не знам што се случи во последните неколку децении, но се чувствувам толку далеку од личноста што бев порано“, рече таа тогаш. Додала дека се чувствува „тажно и осамено“ и дека често била погрешно сфатена.
Имам чувство дека направив голема грешка, како животот да ми е куп грешки“, вели таа. Таа не навлегува во детали за грешките што ги направила, но вели дека верува дека луѓето имаат погрешна претстава за неа поради нејзината работа со Плејбој, нејзината улога во „Baywatch“ и бракот со Томи Ли. „Имав улога и во сликата што се создаде за мене. Мило ми е што го направив сето тоа, но уште повеќе ми е драго кога ќе видам каде сум сега“, изјави Андерсон.
Памела Андерсон – „Тоа не бев јас“
Андерсон ја започна својата кариера кон крајот на 80-тите, а голема популарност стекна откако доби улога во хит серијата „Baywatch“. Набрзо ја нарекоа секс симбол, а таа титула ја следеше со години. Таа беше позната и по нејзиниот бурен брак со тапанарот на Mötley Crüe, Томи, со кој има два сина.