Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА.

Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“.

Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, додава ДПА.

Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.

Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција.

Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.

Share This Article