Палестиниците живеат во страв дека Израел повторно ќе ја нападне Рафа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преговорите во египетскиот главен град Каиро во кои учествуваа САД, Израел, Египет и Катар, завршија без никаков напредок во вторник, а датумот на следната средба не е објавен.

Палестинците збиени во нивното последно засолниште во Газа се исплашени дека Израел наскоро би можел да изврши напад врз јужниот град Рафа.

Преговорите заглавиле околу формулата за размена, односно колку ослободени Палестинци бара Хамас во замена за заложниците, изјавија израелски и американски претставници.

Семејствата на заложниците отидоа во Хаг за да поднесат тужба против Хамас за злосторства против човештвото. Околу 134 заложници сѐ уште се во рацете на Хамас. Според информациите на Израелските безбедносни сили, 20 од нив загинале, а Хамас не им ги предава телата.

Недостигот на договор им нанесе нов удар на повеќе од милион Палестинци во Рафа блиску до границата со Египет каде што многу од нив живеат во шатори и импровизирани засолништа откако избегаа од другите делови на Газа поради израелските бомбардирања.

Израелската војска соопшти дека сака да ги истера исламистичките екстремисти од нивните засолништа во Рафа и да ги ослободи заложниците откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври, но не даде детали за предложениот план за евакуација на цивили.

– Вестите се разочарувачки, се надевавме дека ќе се постигне договор во Каиро. Сега ги одбројуваме деновите пред Израел да испрати тенкови. Се надеваме дека нема, но кој може да ги спречи – изјави за Ројтерс преку Интернет Џабер, претприемач од Газа кој со своето семејство се засолнил во Рафа.

– Ги загубивме домовите, работата. Не е ли доволно тоа? Доста ни е од оваа војна и ќе бидат потребни децении да ја обновиме Газа и да си ги вратиме животите. Кога светот ќе го запре израелскиот колеж на нашиот народ – додаде тој.

Тел Авив тврди дека презема чекори за намалување на цивилните жртви и ги обвинува борците на Хамас дека се кријат меѓу цивилите, вклучително и во болниците и во засолништата. Хамас ги порекнува обвинувањата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article