More

    Падна договор меѓу советниците од ВМРО-ДПМЕ и приватните превозници

    spot_img

    Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, по денешната средба со приватните превозници, објави дека е постигнат договор за зголемување на тарифата по изминат километар.

    Според новиот договор, приватните превозници ќе добиваат 100 денари за изминат километар, што претставува зголемување во однос на претходната тарифа од 69 денари со ДДВ.

    Стојановски најави вонредна седница на Советот на Град Скопје која ќе се одржи утре, но не е познато дали ќе се реализира. Во случај седницата да се одржи, очекува одлуката да биде изгласана.

    – Колегите од сите советнички групи треба да го поддржат овој предлог – изјави Стојановски.

    Тој нагласи дека цената за граѓаните не треба да се покачи, истакнувајќи дека одлуката е во интерес на граѓаните, а за нивните потреби ќе се продолжи со работата на решавање на проблемите.

    – Со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со приватните превозници, постигнавме предлог решение за цената на чинење по 1 км извозен. Целта е цената на билетот за граѓаните да остане непроменета – рече Стојановски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе продолжат да работат на изнаоѓање на решенија во интерес на граѓаните.

    Прашан дали има доволно буџет за да се обезбедат овие средства, Стојановски одговори дека ќе побараат измени во буџетот за декември.

    – Ќе побараме да има измена во буџетот за декември, затоа што преостанува уште еден месец до крајот на годината, додека за месеците од јануари до мај ќе има нов буџет што ќе се гласа во декември. Треба да има предвидени средства и тие да бидат наменски за покачување на цената по километар за приватните превозници, за да може да се искористат за исплата, за граѓаните веќе да не чекаат по станиците на минусните температури – додаде Стојановски.

    Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски по средбата изјави дека се откажуваат од блокадите што ги најавуваа за понеделник, посочувајќи дека е одличен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Цело време повикуваме на состаноци, да не повика кој било, за да можеме да си го кажеме конкретно нашиот проблем. Ниска ни е цената за изминат километар, немаме верификувани извештаи, имаме долг, бараме само решение на нашите проблеми, сакаме да бидеме сервис на граѓаните во Градот Скопје. Предлогот е одличен, го прифаќаме. Иако е времена мерка, веруваме дека во понатамошните преговори и со градот и со советниците, ќе се изгласа некое трајно решение – рече Зафировски,

    На новинарско прашање дали утре ќе возат, тој одговори дека најверојатно нема, но се надева оти од понеделник повторно ќе бидат на скопските улици.

    – Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје – додаде Зафировски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img