Oвој викенд започнува нов подолготраен многу топол бран од Африка. Температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до близу 40 степени.
Денеска нѐ очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а максималната од 26 до 36. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.
„В недела ќе преовладува претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минимална температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 31 до 38 степени“, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Покрај многу топлиот бран кој од овој викенд ќе ја зафати територијата на Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров, по кој знае кој пат оваа сезона доаѓа и нов облак со прашина и песок од Сахара, и тоа од недела.