Постојат многу причини зошто треба да ги вклучите млечните производи во вашата редовна исхрана. Покрај обезбедувањето на вашето тело со калциум, витамин Д и протеини, кои се потребни за одржување на здравјето на срцето, мускулите и коските, млечните производи како млекото и јогуртот можат да помогнат во спречување на дијабетес.
Спроведено е истражување за тоа како месото, рибата, јајцата и млечните производи влијаат на дијабетесот. Резултатите покажале дека месото го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, а некои млечни производи го намалуваат тој ризик, пишува Eatthis.com.
Така, на пример, млекото го намалува ризикот за 10 отсто, а јогуртот за шест отсто. Додека полномасните млечни производи и сирењето воопшто не го зголемија или намалија ризикот.
Ниско-масните млечни производи како јогуртот содржат пробиотици кои можат да ја оптимизираат функцијата на цревата, што потоа има многу ефекти, од кои еден може да биде подобрување на функцијата на инсулинот, објаснуваат експертите. Исто така, млечните производи се богати со протеини кои помагаат да се намали шеќерот во крвта.
Се препорачува да се пие една чаша млеко или половина чаша јогурт дневно за да се намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.