Оваа недела се пријавени 64 нови случаи на заболени од голема кашлица, што е за 11 отсто помалу во споредба со заболените од минатата недела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Оваа недела се пријавени 64 нови случаи на заболени од голема кашлица, што е за 11 отсто помалу во споредба со заболените од минатата недела. Најмногу од пријавените случаи има во Скопје и во Куманово. Според вакциналниот статус, 19 од нив биле целосно вакцинирани останатите не, се вели во извештајот на Институт за јавно здравје.

Според возраста, заразените се од еден месец до 61 година. Најмногу заразени се од 10 до 14 години.

Според Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, намалувањето на бројките не е тренд што ќе следи затоа што состојбата и понатаму е сериозна и оваа епидемија може подолго да трае, бидејќи самиот начин на имуназиција против пертусис оди во три дози вакцина и една ревакцина што треба подолго време за колективен имунитет.

Share This Article