Дали знаете која е најчестата боја на очите во светот?
Инфографик базиран на податоци од Светскиот атлас открива дека повеќето луѓе (70-80%) имаат кафени очи. Следува сината со 8-10%, па леската боја со 5%, килибарната боја со истиот процент, па сивата со 3% и на крајот, најретката, зелената со 2%.
Според Индексот, што се однесува до застапеноста, темно кафеавата е најчеста во Африка и Југоисточна Азија, светло-кафеавата е најчеста во Европа, Западна Азија и Северна и Јужна Америка. Зелената, најретката боја на очите, е најчеста во Централна, Западна и Северна Европа.