Секој со кој некогаш сте работеле, во одреден момент, друг колега нарекол „луд“. Но, дали вашата работа всушност ги привлекува вистински психопати?
Во книгата „The Wisdom of Psychopaths: What Saints, Spies, and Serial Killers Can Teach Us About Success“, Кевин Датон објаснува дека има работни места кои можат да привлечат буквално психопати, а исто така и работни места за кои е најмала веројатноста да го сторат тоа, пишува „Forbes“.
Важно е да се напомене дека психопатската личност не е нужно личност која е намената да убива други (иако може да се чувствувате така во среда попладне во канцеларија). Во реалноста, на психопатите само, и обично, им недостасуваат емоции и емпатија или способност да се идентификуваат со другите.
Датон рече дека „голем број на психопатски атрибути всушност се почести кај деловните лидери отколку кај таканаречените вознемирени криминалци – атрибути како што се површен шарм, егоцентричност, убедливост, недостаток на емпатија, независност и фокус“.
Ова може да објасни зошто многу од работните места се привлечни за психопатите, како што се извршни директори, продавачи и типови медиуми, често се наоѓаат во технолошката индустрија.
Значи, кои работни места се најпривлечни за психопатите? Еве го списокот, првично објавен на интернет од Ерик Баркер:
1. Извршен директор
2. Адвокат
3. Медиуми (Телевизија/Радио)
4. Продавач
5. Хирург
6. Новинар
7. Полицаец
8. Свештено лице
9. Готвач
10. Државен службеник
И за оние кои сакаат потенцијално да избегнат работа со најмалку психопати, еве ја листата на занимања со најниски стапки на психопатија:
1. Помошник за нега
2. Медицинска сестра
3. Терапевт
4. Занаетчија
5. Козметичар/стилист
6. Добротворен работник
7. Наставник
8. Креативен уметник
9. Доктор
10. Сметководител.