More

    Ова се последните зборови што 6-годишната Хинд од Газа ѝ ги рекла на мајка си

    spot_img

    Тенкот е покрај мене… оди кон мене…. многу е блиску. Дојдете по мене… ве молам, спасете ме! Ви велам, мртви се – рекла 6-годишната Хинд Раџаб која исчезнала во Газа на 29 јануари откако било нападнато возилото во кое се возеле нејзините роднини.

    Веќе не е остварен контакт со неа. Во потресната аудио-снимка, девојчето бара спас откако останало заробено во автомобилот со безживотните тела на членовите на нејзиното семејство. Исплашеното девојче било на телефон со персоналот на палестинската хуманитарна организација „Црвена месечина“ (ПРЦС) над три часа, додека ги молела да ја спасат и им велела дека се плаши од темнината.

    Лајан, братучетка ѝ на Хинд, била со Хинд во колата. Претходно му се јавила на чичко ѝ за да му каже дека е заглавена во автомобилот и дека сите освен Хинд се мртви. Рекла дека крвави и барала помош. Па добила повик од ПРЦС.

    – Пукаат во нас. Тенкот е до мене – рекла Лајан и врескала во терор кога се јавила на повикот на ПРЦС. Се слушнал пукот и линијата се прекинала.

    Болничарите изгубиле контакт со нивните колеги откако пристигнале кај колата во околу 18 часот. ПРЦС оттогаш објавила низа молби за информации поврзани со болничарите и со Хинд.

    Мајкa ѝ со денови стои пред болницата со надеж дека ќерка ѝ ќе стигне секој миг, известува Би-Би-Си.

    – Мамо, немој да ме оставаш. Гладна сум и повредена – се последните зборови што ѝ ги рекла Хинд на мајка си.

    Само Хинд преживеала откако возилото на нејзиното семејство било под оган на 29 јануари 2024 година, а умреле вујкото на мајка ѝ, жена му и нивните четири деца. Тие бегале од нивната населба откако израелската војска наредила евакуација. Бегале јужно, ги сретнале израелските тенкови и се скриле во бензиска станица кога биле под оган. Израел тврди дека не е заепознаен со инцидентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img