Седумстотини eвра ќе ве чини брзото возење во Грција ова лето, 200 евра поминување преку полна линија или возење со алкохол во крвта, а 700 евраисто така би платиле ако преминете на црвено светло или ако го игнорирате стоп знакот кој ќе ви го покажат полицајците на патот.
Не е првпат Грците да ги менуваат казните пред почетокот на летото, но овојпат има уште еден детал – за одредени прекршоци не се плаќа, но властите можат да ви ги одземат табличките и возачката дозвола на подолго време, па дури и до 60 дена за одредени прекршоци.
Тоа се однесува на следниве прекршоци:
- Користење на мобилен телефон додека возите
- Не носење појас
- Ако немате кацига кога возите мотоцикл
- Превоз на дете во автомобил без детско седиште
Ова воедно важи и за поминување на црвено каде табличките и дозволата се одземаат на време од 20 дена.
Повеќето патишта во Грција, иако имаат две ленти и наликуваат на автопат, имаат ограничување од 100 километри на час.
За непрописно претекнување казната ова лето ќе изнесува 80 евра, додека за пречекорена брзина до 20 км/час од дозволеното се плаќаат 20 евра.