Ова е станот во кој свекорот не ја пушта Николина Пишек

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватската водителка Николина Пишек, која беше на суд со свекорот Миша Гроф, неодамна истакна дека добила право да влезе во станот во Белград во кој 10 години живеела со нејзиниот сега покоен сопруг Видое Ристовиќ.

Во овој стан има голем број антиквитети, со оглед на тоа што Видое се занимавал со купување на овие вредни предмети. Дуплексот, кој се наоѓа на две нивоа, само во првата етапа од станот има околу 230 метри квадратни.

Николина своевремено рекла дека и самата не знае што се наоѓа во семејниот дом.

Од статуа на Наполеон Бонапарта, преку величествени уметнички слики, до бројни експонати.

Во станот има импозантна библиотека со книги.

– Сите овие книги се од мојот сопруг, кој ја сака уметноста. Тоа е негова колекција. Јас не сум колекционер на ништо, што би се и очекувало од една жена – изјавила своевремено Николина.

Во станот има антиквитети од 15. и 17. век.

Свекорот на Николина, Миша Гроф, се огласи за „Блиц“ во врска со тврдењето на Николина дека тој не ѝ дозволува да влезе во станот.

– Јас сум во викендица, не сум во Белград. Таа не се најави, зошто не ми кажа дека ќе дојде? Таа е секогаш добредојдена! Како јас не ѝ давам, кога не сум дома? Дали таа ми се јави? Таман работа нејзе или на внуката да не им дадам да влезат во станот – рекол Миша за „Блиц“.

- Advertisement -
Ad image

По овој повод се огласи и Николина.

– Не би го коментирала премногу тоа, во процес на селење сум. Не можев да влезам во станот. Можам само да кажам дека имаше адвокати, јавни извршители, сведоци, па вие мене кажете ми кој лаже овде? – кратко рекла Николина за „Блиц“.

Фотографиите од велелепниот стан можете да ги погледнете ТУКА.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article