Иако високиот холестерол денес е сè почеста појава кај возрасните, доколку не се препознае и лекува навреме, може да предизвика многу здравствени проблеми, вклучувајќи го и зголемениот ризик од висок крвен притисок, мозочен или срцев удар. Исто така, акумулацијата на холестерол во жолчното кесе може да предизвика појава на болни жолчни камења.
Нутриционистите нагласуваат дека токму поради оваа причина е важно да се грижите за исхраната, а се вели дека некои намирници се екстра масти за луѓето кои имаат покачен холестерол, но им штетат и на оние кои се уште го немаат.
Храната која луѓето со висок холестерол треба да ја избегнуваат се: кокосово масло, сланина, свински колбас, бел леб, готова пица, стек, грејпфрут, пуканки, газирани сокови, путер, помфрит и сите оние намирници кои содржат рафинирани шеќери.
Сето тоа се намирници кои доведуваат до дополнително зголемување на лошиот холестерол во крвта, па затоа, објаснуваат експертите, најдобро е да ги избегнувате или барем да ги намалите на минимум, пренесува Индекс.