Замислете да ги имате распоредено вашата сопруга и пријател во публиката на шоуто „Кој сака да биде милионер“ и тие дискретно да поткашлуваат кога ќе го слушнат точниот одговор. Токму вакво нешто во 2001 година стори Чарлс Инграм, мајор на британската армија кој освои 1 милион долари на шоуто за подоцна снимките да ја покажат вистината.
Овој скандал се смета за еден од најголемите во историјата на телевизијата.
Една од работите во која судиите се посомневале е дека Инграм ги читал на глас сите четири одговори за секое прашање, а пота следеле кашлањата. Откако му беше изречена 20-месечна условна казна, поранешниот мајор Инграм сега води тивок живот. Тој бил виден како продава есенцијално масло на божиќниот панаѓур во Бат, откако по четврти пат прогласи банкрот.
По пресудата тој продолжил да се натпреварува на ТВ-шоуа, но станал непопуларен поради еден настап кога јавно ги навредувале него, сопругата и нивните три ќерки. Тој исто така бил принуден да поднесе оставка како мајор по 17 години служба.
За време на судењето, поротниците слушнаа дека Инграм тврди дека видео снимката на серијата била „неправедно изманипулирана“ и дознале дека 192 кашлања биле снимени во текот на втората вечер, 32 од натпреварувачите на „Fastest Finger First“, а 19 се сметаат за „значајни“.
Условни казни добија и сопругата и пријателот по име Теквен Виток. Тој бил идентификуван како изворот на кашлањето, а на судењето тој се бранел дека тоа е поради неговите долготрајни респираторни проблеми.