More

    Ова е белата фиат панда со која двајцата осомничени за убиството на Данка го прегазија девојчето

    spot_img

    Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ вчера се уапсени под сомнение дека ја убија Данка Илиќ (2) во Бањско поле. Малото девојче наводно ја удриле со бел автомобил фиат панда, а сега се појави и фотографија од тоа возило од камера за видео надзор.

    Како што претходно изјави министерот за полиција Братислав Гашиќ, мајката Ивана Илиќ со децата дошла во Бањско поле во 13 часот и 10 минути, а децата си играле во дворот, каде ги фотографирала. Во 13 часот и 22 минути, рекла таа, сфатила дека Данка не е таму, а на нејзиниот сопруг се јавила во 13:41 часот.

    Како што објасни Гашиќ, „во тој период од 13.45 до 15.52 часот Данка го напуштила дворот и тргнала по асфалтот, што го потврдиле двајца очевидци“.

    – Околу 13 часот и 50 минути мајката барајќи го детето здогледала бел автомобил и маж како стои до него, за што подоцна, при увидот, се испоставило дека е возилото фиат панда во кое се наоѓале осомничените С.Ј. и Д.Д. Според исказот на еден од осомничените, тие биле на работна задача во населбата Бањско поле, каде требало да ја проверат шахтата на улицата Озренска, каде што пристигнале во 13 часот и 20 минути – изјави Гашиќ.

    За потсетување, полицијата во Бор ги уапси работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот под сомнение дека ја убиле малата Данка Илиќ (2).

    Обвинителството во Зајечар соопшти дека Јанковиќ и Драгијевиќ се приведени, како и дека се собираат докази за кривична постапка.

    Министерот за полиција рече дека со сите можни служби и средства пет пати е претресен целиот простор.

    – Дејан Драгијевиќ е осомничен дека со службеното возило фиат панда на улицата Радомир Путник удрил во пешак, двегодишно девојче Данка, при што ја усмртил. Тој заедно со колегата Срѓан Јанковиќ го ставил телото на девојчето во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на Старобањски пат кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img