More

    ОТВОРАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ИЗБОРЕН ШТАБ ЗА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА 4 ВО ПРИЛЕП

    spot_img
    🟨Во Прилеп НСДП – Нова социјалдемократска партија го промовираше Регионалниот изборен штаб за Изборната единица 4.
    🟦На отворањето присуствуваа претседателот на НСДП Goran Misovski, шефот на Централниот изборен штаб на НСДП и генерален секретар на партијата Мики Милковски, потпретседателите, другите секретари и членови на раководството на партијата.
    🟨Претседателот Мисовски го промовираше шефот на ОИШ и координаторот на РИШ Горан Атанасовски, претседател на ОО на НСДП Прилеп.
    Миаовски пред присутните истакна дека симболично НСДП почнува од Прилеп, град со слободарски дух, со луѓе кои знаат да ја ценат слободата и демократијата за која тешко се изборивме на изборите во декември 2016 година. Прилеп е град кој може да направи разлика во владеењето на централната власт и локалната самоуправа, затоа што откако опозицијата победи на локалните избори во 2021 година има застој во развојот на градот, да не се проектите и финансиските средства од централната власт во овој град ништо не би се случувало. Истакна дека Владата ги зголеми субвенциите за тутунот и дека тие се историски највисоки. Пред нас имавме три големи кризи кои со квалитетните мерки на Владата успешно се надминаа или се надминуваат, здравствената криза Ковид19 и последиците преку мерки за подршка на малите и средните претпријарија и субвенционирањето на платите во најпогодените сектори, енергетската криза преку субвенционирање до 90% на сметките за електрична енергија и економската криза преку покачувањето на платите и подршката за стопанството и воведувањето на гарантирани цени за основните производи. ИПАРД средствата се искористуваат скоро до максимално ниво, а земјоделските субвенции се зголемени и навремени. Политиките во социјалната сфера се приоритет на Владата, минималната плата од 8500 денари се зголеми на 22000 денари, просечната плата надмина 36.000 денари, имаме државна социјална пензија, над 10.000 стечајци земаат надоместок и други. Пред нас имаме избори на кои треба да ги потврдиме успешните политики и да ја отстраниме внатрешната блокада од опозицијата за отворање на поглавјата и продолжување на преговорите за членство во ЕУ. Станавме членка на НАТО, а стабилноста која ја гарантира членството граѓаните ја видоа со војната во Украина. Секако има многу предизвици пред кои сме исправени како владеачка коалиција, но имаме сила, енергија и мотивација да се бориме за успешна иднина и подобар животен стандард на граѓаните.
    🟦Горан Атанасовски шефот на РИШ на НСДП за ИЕ.4 истакна дека се радосни и почестени како ОО на НСДП Прилеп што НСДП изборните активности ги почнува од Прилеп. Дека граѓаните ги препознаваат успешните политики на коалицијата на власт. Дека се свесни за неуспешните градоначалници од опозицијата, нивната безидејност и начин на владеење, сликата во Прилеп е одлична потврда за тоа. Дека очекува успех на овие избори и да продолжи подршката за градот и регионот од Владата. Членството на НСДП е мотивирано и се спремни за изборната кампања.
    🟨🟦СИЛНО И ЧЕСНО❗️
    ▶️⏩️Продолжуваме…
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img