More

    Откриено кој е застреланиот војник за кој лично се заинтересира Зеленски

    spot_img

    Се чини дека е откриен идентитетот на ликвидираниот Украинец чии последни зборови биле „Слава Украина“ пред да биде убиен од руските сили. Војникот чие погубување снимено на камера стана популарно на интернет веројатно е Тимофеј Шаудра Миколајевиќ(40), а се водел за исчезнат од 3 февруари, пишува Гардијан.

    Тимофеј бил фатен од Русите во Вуледар во Доњецк, а за неговата смрт се заинтересира лично претседателот Володимир Зеленски и му вети на украинскиот народ дека ќе го најде убиецот.

    Сестрата на војникот го потврди неговиот идентитет.

     

     

    – Брат ми сигурно би бил способен вака да им се спротивстави на Русите (како во видеото) – вели сестрата на Тимофеј.

    – Тој никогаш во животот не ја криел вистината и сигурно не би го направил тоа ни пред непријателот – вели таа за фактот што Тимофеј без влакна на јазикот и ладнокрвно изустил „Слава Украина“.

     

     

    На снимката се гледа како еден од војниците му вели „Умри!“ на Тимофеј, а потоа изговара уште неколку пцовки пред да го застрела.

    Убијците од видеото уште не се идентификувани.

    Видеото на Телеграм го сподели и групата Русич, дел од платеничките единици на Вагнер.

    „Конечно нормална реакција“, напишаа платениците од Русич.

    Озлогласената група Русич е предводена од  озлогласениот нацист Алексеј Милчаков, 31-годишник кој го носи надимакот „Србин“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img