Принцезата од Велс Кејт Мидлтон ќе присуствува на церемонијата „Поздрав на боите“ на 8 јуни, нејзина прва потврдена официјална должност откако беше подложена на операција на абдоменот, соопшти британското Министерство за одбрана.
Идната кралица Кејт на 16 јануари беше примена во лондонската клиника, приватна болница каде кралот Чарлс Трети се лекуваше од зголемена простата, за планирана таоперација на абдоменот, пренесе „Скај њуз“.
Кејт не е видена во јавноста од крајот на декември, кога беше фотографирана на божиќна прошетка со другите членови на кралското семејство во Сандрингем, Норфолк.
Бакингемската палата претходно соопшти дека принцезата нема да се врати на јавните обврски дури по Велигден, па не е познато дали „Поздравот во боите“ ќе биде нејзино прво официјално појавување по операцијата во јануари.
„Поздравот во боите“ е церемонија што ја изведуваат полкови на британската и армијата на Комонвелтот.
Тоа е традиција на британските пешадиски полкови од 17 век, иако неговите корени одат многу подалеку.