Научниците ја открија најстарата црна дупка во универзумот, формирана 470 милиони години по Големата експлозија, пишува Асошиејтед прес.
Со оглед на тоа дека универзумот е стар 13,7 милијарди години, староста на црната дупка се проценува на 13,2 милијарди.
За научниците е уште позачудувачки што оваа црна дупка е 10 пати поголема од црната дупка на Млечниот Пат, галаксијата што ја содржи планетата Земја.
Се верува дека тежи од 10 до 100 проценти од масата на сите ѕвезди во нејзините галаксии.