More

    ОТКРИЕНА „ФАБРИКА“ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ МОНЕТИ ОД ПО 2 ЕВРА

    spot_img

    Полициски службеници од ОСОСК при македонското Министерство за внатрешни работи и косовската полиција, како дел од Заедничкиот истражен тим помеѓу Основното јавно обвинителство Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Република Косово, вчера (04.08.) на косовска територија го приведоа лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари”.

    Исто така беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени: две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење, информира МВР.

    ОЈО Скопје соопшти дека за македонскиот државјанин на Република Северна Македонија постои сомнение дека произведувал и пуштал во оптек во Косово стотици илјади фалсификувани метални евромонети во номинална вредност од по 2 евра.

    „Во исто време, во Скопје беа извршени претреси на три локации при што беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите. Сите тие ќе бидат предмет на натамошно вештачење“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.

    По наредба на специјалниот јавен обвинител на Косово, македонскиот државјанин беше привремено задржан 48 часа, по што до надлежниот суд е доставен предлог за негово обезбедување во текот на постапката.

    Оваа операција во целост е поддржана од Европол и од Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за успешна реализација.

    Истражните органи од Република Косово и Република Северна Македонија остануваат посветени на заедничките напори за сузбивање на криминалот кој ги нарушува финансиските текови и соодветно ќе ја информираат јавноста за текот на постапките“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img