Израел ги одложи плановите за продолжување на копнената офанзива во Рафах на југот на Појасот Газа, откако беше изложен на невиден ирански ракетен напад во текот на викендот, јавуваат светските медиуми.
Воздухопловните сили на еврејската држава требаше да почнат да фрлаат летоци на делови од најјужниот град во Газа, но овие планови се ставени во мирување, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на израелски извори.
Во воениот кабинет на Бенјамин Нетанјаху, наводно, започнала жестока дебата за тоа како да се одговори на нападот на Техеран во саботата вечерта. Се чини дека има несогласување меѓу членовите за брзината и степенот на одговор, при што сите се решени да возвратат, но не се согласуваат за деталите.
Меѓу опциите што се разгледуваат е напад врз ирански објект кој би испратил порака, но би се избегнале жртви, според еден израелски функционер.
Меѓународниот притисок врз израелската влада за деескалација на веќе опасната ситуација во регионот, исто така, игра улога во одлучувањето за сериозноста на одговорот.
Викендов, за прв пат во историјата, Иран директно го нападна Израел од своја територија, при што лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и балистички и крстосувачки ракети. Израел тврди дека со помош на своите сојузници уништил околу 99% од нив.
ОН и Америка повикуваат на воздржаност, но Израел сигурно ќе одговори на иранскиот напад. Прашањето е кога и како, но нема сомнеж дека одговорот ќе биде значаен.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху направил неочекуван потег по состанокот на воениот кабинет, јавува Би-Би-Си. Тој ги поканил лидерите на сите опозициски партии на безбедносен брифинг во Тел Ави