Откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација, вечерва луѓето во Москва почнаа да се собираат во групи и да протестираат на улиците, незадоволни од одлуката на претседателот, јавува Мондо.
„Русија без Путин“, се слушаат извици по руската престолнина. Луѓето прават жив ѕид, но полицијата апси. Според агенцијата АП веќе се уапсени над 530 Руси во над 30 градови.
Не протестира само Москва. На Интернет се појавија видеа од протести од другите поголеми градови, имено Санкт Петербург, Новосибирск, Иркутск, Томск.