Островот на животот има само една жителка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Идиличниот Остров на животот е скриен во Малостонскиот залив на хрватското приморје, помеѓу Клек и Пељешац. Покриен е со медитеранска вегетација, најмногу со бор и маслинки. На картите е запишан како Говањ или Гован и има брег со должина од 400 метри. На островот има 11 куќи, но на него има само една жителка, 80-годишната Проспера Павиќ.

Храбрата старица на островот го поминала целиот свој живот, тука го нашла својот мир веќе осум децении и нема намера да замине. Ужива во тишина и повремени посети од синот и внукот од копното. Таму преживеала две војни, а најомилен, како што вели и бил  пред Втората светска војна.

-Никогаш не сум го напуштила островот повеќе од десет дена. Овде сум 80 години. Тоа е многу и да се изброи, а не пак да се преживее – вели Проспера Павиќ, единствената жителка на Островот на животот.

фото: принтскрин

Со текот на годините на островот биле изградени 11 згради кои биле користени за приватни и јавни потреби. Порано имало магацин за бродови, одморалиште за деца, а некои објекти биле приспособени на истражувачката и научната работа на Институтот за поморски истражувања од Сплит.

Во минатиот век, островот ги смени сопствениците. Некогаш припаѓал на семејството Бандур од Мали Стон, а во 30-тите години го купил богат банкар и бродар Божо Банац од Дубровник, кој на него изградил куќа за себе и за своите гости.

По Втората светска војна, Островот на животот стана државна сопственост. Проспера се присетува дека најживо на островот било во 80-тите години на минатиот век, кога на островот се наоѓало новосадското детско одморалиште Радосно детство. Сега на живописниот остров е само баба Проспера, неговиот вечна чувар.

Share This Article