More

    Османи зборува за сеопфатниот документ со кој сѐ ќе се реши

    spot_img

    Сеопфатниот документ кој Македонија и Бугарија треба заеднички во форма на писмо да го пратат во Брисел, а со кој македонските дипломати очекуваат да се решат сите отворени прашања со нашиот источен сосед, бил на барање на Македонија, појасни министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вечерашната Топ Тема на Телма.

    – Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кои ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија, со чие решавање тие ќе се затворат еднаш засекогаш, тоа не е бугарско барање –  изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прашањето дали Македонија со ваквиот став можеби крева бело знаме пред бугарските уцени во ЕУ интегративниот процес.

    Османи остана воздржан по тоа што точно ќе има во сеопфатниот документ, поради тоа што преговорите се во критична фаза. Но, министерот уверува дека со овој потег се зацврстуваат македонските позиции.

    Министерот Османи не гледа проблем ни во внсеувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Тој вели дека веќе имало вакви барања од хрватската и црногорската заедница.

    – Не знам зошто би имале двојни стандарди по однос на граѓаните со бугарска етничка определба, кои што јасно кажуваат дека имаат една мала малцинска заедница овде која што е различна од сите други етнички заедници – вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img