More

    Османи: Заканата од Русија е сериозна и тоа не го кажуваме само во нашите политички наративи, туку тоа го говорат и структурите кои се одговорни за проценка на ризикот од руската агресија и ефектите што ги предизвикуваат руските амбиции

    spot_img

    Заканата од Русија е сериозна и тоа не го кажуваме само во нашите политички наративи, туку тоа го говорат и структурите кои се одговорни за проценка на ризикот од руската агресија и ефектите што ги предизвикуваат руските амбиции, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи по завршувањето на првиот ден од состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Брисел.

    – Јас постојано кажувам дека Украина е почетокот на руската империјална амбиција – нагласи Османи во изјава за МИА.

    Според Османи, со евентуална воена победа во Украина или пак со освојување на југозападните области на земјата кон брегот на Црното Море, Русија би воспоставила директна врска со Транснистрија и Молдавија, со што Транснистрија би била нејзина „втората станица“ заедно со Грузија, а потоа би следувал Западниот Балкан.

    – Западниот Балкан веќе е сериозна мета на руските хибридни закани. Русија има воспоставено свои прокси центри, прокси политичари, прокси политички партии на Западниот Балкан, вклучително и во Северна Македонија, така што можам да потврдам дека Западниот Балкан е на листата на руските империјални амбиции – потенцира Османи.

    Шефот на дипломатијата истакна дека како одговор на ваквите закани ние треба да продолжиме со силната поддршка на Украина за да извојува победа во војната и да ја задржиме стратешката предвидливост, односно посветеноста на европските и евроатланските интеграции со што ќе се зголеми отпорноста на регионот од можните руски влијанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img