More

    Мора да се евакуираат пациентите од уништената болница Ал Шифа во Газ

    spot_img

    Многу пациенти од уништената болница Ал Шифа во градот Газа ќе умрат доколку не бидат веднаш евакуирани, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

    Тој рече дека евакуацијата е бавна и мора да се забрза.

    Гебрејесус изјави дека само 10 од 36-те болници во Појасот Газа сè уште се делумно функционални.

    Претставникот на СЗО за Западниот Брег и Газа, Ричард Пајперкорн, рече дека уништувањето на болницата Ал Шифа ќе остави илјадници Палестинци без здравствена заштита и дека пациентите ќе мора да бидат префрлени во здравствените установи во северниот дел на Појасот Газа, чие функционирање исто така е сериозно загрозено.

    Израелските сили, кои ја напуштија болницата Ал Шифа во понеделникот по двонеделна операција, приведоа стотици осомничени палестински милитанти и оставија зад себе голем број уништени згради.

    Израел соопшти дека убила стотици борци на Хамас кои биле стационирани во болницата.

    Хамас и медицинскиот персонал негираат дека биле присутни борци. Пред војната, Ал Шифа беше најголемата болница во Појасот Газа со 750 кревети и многу операциски сали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img