More

    Османи во Софија на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи на Централно Европската иницијатива (ЦЕИ), чиј домаќин оваа година беше министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во рамките на бугарското претседавање со иницијативата.

    Во фокус на дискусиите беше изнаоѓањето начини за помош и поддршка на Украина, преземање на регионални мерки за зголемување на поврзаноста и стабилизирање на процесите за достава на потребна помош, продолжување на Европската интеграција на земјите и проширување на соработката помеѓу земјите членки на ЦЕИ и останатите глобални актери.

    Во своето обраќање пред присутните министри и гости, Османи посочи дека во моментов најпотребно е да се дефинираат дополнителни конкретни мерки преку кои земјите членки на ЦЕИ и организацијата можат да и помогнат на Украина.

    “Северна Македонија во рамки на своите можности помогна со хуманитарна помош но и значителна техничка опрема. Треба да имаме предвид дека борејќи се за сопствената слобода, Украинците денес го поднесуваат најтешкиот терет во одбрана на меѓународниог поредок и демократските принципи. Не само како принцип на солидарност, туку и би суштинска смисла ние ѝ ја должиме на Украина сета поддршка и во справувањето со агресијата и во обнова на земјата.“, нагласи Османи, аргументирајќи дека инструментите за регионална соработка се покажаа како солидна алатка за ублажување на тие ефекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img