More

    Османи: Бараме итно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија

    spot_img

     и на Албанија во ЕУ и повикуваме на преземање на сите напори за унапредување во кандидатски статус за членство во ЕУ на Босна и Херцеговина и Косово и поддржуваме напредок во преговорите за Црна Гора и Србија и посакуваме и работиме за создавање одржлив и исполнет со содржина однос со Украина, Молдавија и Грузија.
    Ова го рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на отворањето на панел дискусијата „Патот до Брисел“, што е воведен настан на овогодишниот Преспа форум за дијалог, што од 16 до 18 јуни ќе се одржи во Охрид.

    – Закочените интеграциски процеси за Северна Македонија претставуваат извор на системска ранливост, чии ефекти негативно се прелеваат врз целиот регион. Искрено веруваме, дека ова се историски времиња кои налагаат цврсти и навремени одлуки. Императив е да се отпочне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Северна Македонија и Албанија сега во јуни, за време на француското претседателство со ЕУ. Кога, ако не сега? Верувам дека сега е идеално време, да се признаат конзистентните напори на Северна Македонија и Албанија и да се пресретнат со прифаќање од страна на ЕУ, како заеднички ангажман за посигурна и посилна Европа отпорна да се спротивстави на кое било трето влијание – рече Османи.

    Шефот на дипломатијата нагласи дека и ако ништо не се случи сега, земјава ќе остане посветена на европските реформи, но ќе страда самиот политички моментум, а колебањето и барањето нови иновативни начини како да се задржи „статус кво“ нема да ги разубеди малигните влијанија, туку токму спротивното и ќе испрати погрешна порака кон останатите држави и граѓани од Западен Балкан.

    – Ова не значи дека планираме да го напуштиме европскиот пат. Ние сме уверени Европејци, со огромно убедување, со речиси 20 години од постигнувањето на спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ, одлични во спроведувањето и усогласувањето со европското законодавството и ќе продолжиме на тој пат – изјави Османи.

    Интеграцијата, посочи Османи, во евроатлантските структури е многу повеќе од гаранциите од Членот 5 од Повелбата на НАТО и достапноста до европските фондови, бидејќи членството во Алијансата и во ЕУ е потврда за вредностите кои земјите ги почитуваат и кон кои се стремат.

    Преспанскиот форум за дијалог, посочи Османи, е создаден како платформа за дијалог, дипломатија, компромис и мирно решавање на недоразбирањата.

    – Овие начела имаат висока употребна вредност. Одовде, во овие клучни времиња за светската историја, ние се залагаме за проширување и зацврстување на поредокот заснован на правила овде во регионот, кој што е олицетворен во НАТО и во ЕУ. Силно ја поддржуваме политиката на отворени врати за членство во Алијансата и даваме непоколеблива поддршка за членство на Финска и Шведска во НАТО, со силно уверување дека проширувањето ќе нѐ направи сите нас посилни и пообединети – изјави Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img