More

    Почина жената која неодамна беше турната од трет кат на зграда на улицата Карпош Војвода во Охрид

    spot_img

    Почина жената која неодамна беше турната од трет кат на зграда на улицата Карпош Војвода во Охрид.

    Настанот се случи на 8 март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица.

    СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
    На 8 март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата Карпош Војвода во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39-годишната жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

    Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img