More

    Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници одлучија да го продолжат доброволното намалување на производството на нафта за 1,65 милиони барели дневно до крајот на 2025 година

    spot_img

    Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК плус) одлучија да го продолжат доброволното намалување на производството на нафта за 1,65 милиони барели дневно до крајот на 2025 година.

    Дополнително, ОПЕК Плус го продолжи дополнителното намалувања од 2,2 милиони барели дневно до крајот на септември оваа година и наведе дека оваа мерка „ќе се укине на месечна основа“ до крајот на септември 2025 година.

    – Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) уште е оптимист кога станува збор за растот на светската побарувачка за нафта во 2024 година и следната година – изјави  минатата недела генералниот секретар на таа организација Хајтам ел Гајс на состанокот во Виена.

    Тој очекува глобалната побарувачка на нафта да се зголеми за 2,2 милиони барели дневно оваа година на вкупно 104,5 милиони барели дневно, се вели во соопштението на ОПЕК на платформата X (Твитер).

    Глобалната побарувачка за нафта ќе расте најмалку до 2034 година, покажуваат најновите прогнози на аналитичарите на њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс.

    Во прогнозата се наведува дека побарувачката на нафта ќе се зголеми на 108,5 милиони барели дневно во 2030 година и ќе достигне врв во 2034 година, кога ќе изнесува 110 милиони барели дневно, пренесува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img