Рускиот претседател Владимир Путин го прифатил предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на нивниот телефонски разговор, откри денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
– За време на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи на Бадник да се одржи голема размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина и да се прогласи Божиќно примирје – рече Песков.
Русија брзо го испрати својот предлог за божикна размена на затвореници до унгарската амбасада, но Украина ги отфрли сите предлози, рече Песков
– Претпоставуваме дека консултациите за воспоставување мир ќе продолжат. Руската страна целосно ги поддржува напорите на Орбан насочени кон изнаоѓање мирно решение и решавање на хуманитарните прашања поврзани со размената на затвореници. Русија никогаш не ги отфрлила мировните преговори и постојано изјавува дека е подготвена да да ги продолжи врз основа на Истанбулските договори од 2022 година – рече Песков.
Шефот на канцеларијата на Орбан претходно рече дека премиерот му предложил Божикно примирје и размена на воени заробеници на Путин во телефонски разговор во средата.
– Едниот (предлог за прекин на огнот) беше кажано дека вреди да се разгледа… а другото прашање, размената на воени заробеници, беше поддржано од (Путин) – рече Гергели Гуљас.
Според него, Унгарија сака примирјето да трае вечно, „но сега се работи за божиќните денови“.
Зеленски го критикуваше телефонскиот разговор на Орбан со рускиот претседател, изразувајќи надеж дека Орбан нема да го покани Асад во Москва да ги слуша неговите повеќечасовни предавања.