ОПШТИНА ОХРИД ГО УСВОИ ЛОКАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Општина Охрид го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад. Охридскиот регион располага со непроценливи природни богатства, а одговорноста и обврската на локалната самоуправа е да ги сочува за идните генерации. Во оваа насока, од исклучителна важност е одржливото управување со отпадот. Тоа значи адекватно управување со предизвиците кои ги носи зголемениот економски развој и потрошувачка. Системскиот и интегриран пристап за управување со отпад гради капацитети за негово вклучување во циркуларната економија, преку намалување на количините на создаден отпад на начин кој ќе помогне да се постигнат целите на одржливиот развој.

Локалниот акциски план ќе помогне во реализација на Регионалните планови за отпад, со развивање на универзалност на услугите преку недискриминација, одржливост на услугата, квалитет и ефикасност, транспарентност, економски прифатлива цена и целосно покривање на територијата на општината со услугата. Неговата реализација ќе придонесе за подобрување и заштита на природните ресурси и квалитетот на живеење во општината, како заштитено природно и културно наследство што го прави Охрид посакувана туристичка дестинација.

Овој акциски план ќе резултира со јасни активности, кои ќе дадат добри резултати за заштита на животната средина и подобрување на еколошката средина за граѓаните. Насоките во планот за намалување на создадениот отпад и подобрување на локалните пракси за селекција, собирање и депонирање на отпадот се во согласност со меѓународните стандарди и пракси за цврст отпад и директно водат кон намалување на штетното влијание врз животната средина.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

 

ЛАП 2024 – 2025

 

 

Share This Article