More

    Опремата за прислушување не се уништувала поради „бомбите“ на Заев!

    spot_img

    Катица Јанева и другите „грации“ на СЈО, пред пет години, како доказ дека Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) незаконски следела комуникации, медиумски го експлоатираа фактот дека била уништена опремата за прислушкување која била активна до 2015 година. Поради тоа, според нив, не можело да се обезбедат никакви докази од УБК.

    За да ја остварат таа цел, обвинетите, според СЈО формирале комисија за ништење на опремата, која потоа ја спровела целата процедура.

    Но, Сашо Трајковски, висок функционер во тогашната УБК, близок соработник на Ѕвонко Костовски кој призна вина во „Пуч“, на сведочењето во повторената постапка за „Таргет-Тврдина“, изнесе тврдења со кои ги урна тезите на обвинението.

    Тој, како експерт, заедно со Костовски, ги имал лозинките за пристапување кон системот на УБК со највисоки привилегии и ги поседувал сите информации околу неговото функционирање.

    Одговарајќи на прашање на одбраната, Трајковски посочи дека тогашната УБК одлучила да набави нов систем за следење на комуникациите уште во првата половина од 2013 година, далеку пред воопшто да бидат објавени „бомбите“ на Заев, што се коси со тезите на СЈО.

    Тој потврди дека неговиот претпоставен Горан Груевски го повикал во канцеларија и му соопштил за намерата, образложувајќи ја со недоволната функционалност на стариот систем, кој тешко се прилагодувал на централите од нов тип и на новите технологии на операторите.

    Како еден од кандидатите за набавка на новата поквалитетна и помодерна опрема му била соопштена италијанска фирма и од него било побарано да ги поврзе со одговорни лица од операторите, за да знаат каква функционалност е неопходна.

    Процесот на набавка стартувал во 2014 година, а опремата била испорачана на почеток на есента, по што следело нејзино тестирање. Во тој период, според Трајковски, работеле паралелно и стариот и новиот систем, што повторно е далеку од објавување на бомбите.

    Потоа, на почеток на 2015 година, новиот систем за следење на комуникации е целосно функционален, а стариот се става надвор од употреба. Согласно процедурите, надлежните издале наредба за формирање комисија која ќе ја утврди потребата од ништење на старата опрема и ќе спроведе соодветна постапка за нејзино ништење.

    Самиот Трајковски во повтореното сведочење кажа дека и тој, како експерт, смета дека новата опрема е набавена поради нефункционалност на старата.

    Комисијата во која членувал и тој самиот, потоа утврдила потреба за ништење на опремата, но ниту тој, ниту било кој член не се нашле на обвинителна клупа, туку се повикувани како сведоци на СЈО, а обвинети се оние кои дале наредба за формирање на комисија, постапка којашто е редовна во МВР и во УБК.

    Плусинфо известуваше за пресвртите кои се случија во овој предмет и за нејаснотиите кои ги утврди Апелација во првата постапка пред основниот суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img