More

    Опозицијата обвинува дека децата уште не знаат дали се примени

    spot_img

    Учениците требаше уште на 18-ти јуни да знаат дали се примени, а утре почнува новиот рок за пријавување, електронскиот систем паднал непосредно пред упишувањето, а поради овие доцнења можно е да бидат оштетени идните средношколци. Вака ВМРО-ДПМНЕ го сумира упишувањето во средните училишта и, според нив, „хаосот во образованието“.

    Го пренесуваме нивното соопштение во целост:

    „Целта на оваа прес конференција е да алармираме за лошото менаџирање на процесите и состојбите во образованието кои за жал се катастрофални, а граѓаните се загрижени и сосема нормално реагираат.

    Деновиве актуелни се уписите во средните училишта. Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на овој процес по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.

    За жал, се случи катастрофа. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеаја да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување.

    Уште пострашно е што сега, цела една генерација деветоодделенци и нивните семејства се се уште во неизвесност. Резултатите кои требаше да бидат објавени, како што најави и самиот министер за образование и наука, на 18-ти јуни, сѐ уште не се објавени. Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе утре согласно информациите во конкурсот, треба да започне новото пријавување.

    Дали поради ова доцнење, многу ученици ќе бидат оштетени? Зошто резултатите доцнат и дали наместо да биде елиминиран човечкиот фактор, всушност резултатите се фингираат во нечии канцеларии што со оваа Влада е многу веројатно? Кога јавноста ќе дознае во кои училишта се преостанати слободни места ако веќе од утре започнува второто пријавување?

    Почитувани,

    Ако оваа Влада не е способна да спроведе рутински процес, уписи во средно образование кои никогаш во минатото не претставувале проблем, се поставува прашањето дали може да ја промени катастрофалната состојба во образованието, која неспособните кадри на коалицијата на власт сами ја создадоа и ни предизвикаа огромни срамови во меѓународната јавност?

    Одговорот е јасен. Ниту размислуваат, ниту имаат капацитет за поквалитетен образовен систем. За 5 години се сменија 4 министри и секој си тераше своја политика и свои интереси. Ниту план, ниту долгорочна стратегија, ниту континуитет. Затоа денес образованието е „каша попара“, а институциите не можат да им гарантираат на граѓаните ниту остварување на основните уставно загарантирани права.

    Нема учебници. Нема свидетелства. Училиштата должат за струја, за парно, за вода. Наставниците протестираат за повисоки права, плати и подостојни услови за работа. Паѓа рејтингот на високообразовните установи. Научниците немаат поддршка за проекти и за истражувања.

    Ова е премногу! Време е за промени и тоа граѓаните го побараа во саботата. Заедно ќе ставиме крај на оваа неспособност и по изборот на нова влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ ќе следи вистинско реформирање на образовниот систем.

    Во меѓувреме, Владата и Министерството за образование и наука да одговорат на прашањата кои им ги поставивме“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img