More

    Опозицијата бара владата да ја објави листата

    spot_img

    Владата предводена од СДСM и ДУИ предлага измени на Законот за додадена вредност со кои, веднаш по нивното стапување во сила, повеќе од 4.000 прехранбени производи ќе поскапат за најмалку 5% или 13% – тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

    – Токму поради оваа таканаречена даночна реформа на власта, инфлацијата во Македонија уште повеќе ќе расте, а квалитетот на животот на граѓаните ќе биде уште полош. За апсурдот да биде уште поголем, оваа Влада веќе извесен период ја крие и избегнува да ја објави листата на производи кои што ќе бидат опфатени со оваа даночна реформа – рече Стојаноски на денешната прес конференција.

    Тој потсети дека оваа листа се подготвува уште од декември лани, но се уште никаде ја нема.

    – Дури и денеска, кога мнозинството треба да гласа за овие измени, листата сè уште ја нема. Значи, пратениците од мнозинството ќе гласаат за зголемување на даноци, без притоа да ја видат листата на производи. Срамно и неодговорно – рече Стојаноски.

    Тој додаде дека во изминатиов период пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нудела мерки и поднесувала амандмани за замрзнување на цените на производите во маркетите, како и за намалување на ДДВ на електричната енергија и огревното дрво за домаќинствата, но и тоа владата на СДСМ и ДУИ го одбила.

    – Од оваа говорница ја повикуваме и бараме од Владата конечно да ја објави листата на прехранбени производи се со цел ние пратениците, а и целата македонска јавност да види и да знае кои основни прехранбени производи ќе добијат повисоки цени. Бараме транспарентност и отчетност кон граѓаните бидејќи токму тие се жртвите на деструктивната и катастрофална економска политика на оваа власт – рече Стојаноски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img