Операта „Лидија од Македонија“ во ново руво во НОБ на 16 септември

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Оваа историска и библиска тема е обработена во операта „Лидија од Македонија“. Сега, операта во ново руво ќе игра во македонската Национална опера и балет(НОБ) на 16 септември во 20 часот. Со тоа ќе биде и отворена новата сезона на НОБ.

Се работи за една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер е Пламен Карталов (Бугарија), а обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.

Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

Share This Article