На социјалните мрежи се појави видео од опасен инцидент во летот на јужнокорејската авиокомпанија „Азијана ерлајнс“.
Според официјални лица на авиокомпанијата, инцидентот се случил непосредно пред слетувањето на авионот, откако патник којшто седел во близина на излезот, ја допрел рачката на вратата. И таа ненадејно се отворила.
Во авиoнот имало 194 патници, но никој не е повреден. Некои патници ги фатила паника и имале проблеми со дишењето, па веднаш по слетувањето биле пренесени во болница.