More

    Оние кои продаваат користени автомобили можат да заработат повеќе од кога било досега

    spot_img

    Тешко е за некој да купи автомобил во моментов затоа што времето на испорака е долго, пазарот на половни автомобили е празен, а останатите се скапи. Во исто време, тоа е добро време за продавачите бидејќи секој што сака да го продаде своето користено возило може да заработи повеќе од кога било досега.

    Според тековниот индекс на цени на користени автомобили AutoScout24 (AGPI), купувачите на половни автомобили во Австрија треба да издвојат просечно 27.472 евра за користен автомобил.

    „Сè уште не му се гледа крајот на поскапувањето. Пред пандемијата во август 2019 година, просечно користен автомобил чинеше 19.859 евра, што е за 7.600 евра помалку од денес. Но, дури и пред една година, во летото 2021 година, просечната цена сè уште беше 3.700 евра под сегашното ниво“, објаснува Александар Вишек од AutoScout24 во Австрија (онлајн берза за автомобили) за Ној Кронен Цајтунг.

    Австрискиот пазар на половни возила забележа најголем раст на цените во сегментите возила од високата средна класа, од 17,4 отсто, со просечна цена од 31.737 евра.

    Посебно популарни се малите автомобили кои забележаа пораст на цените од 14,3 отсто (просечна цена од 15.110 евра).

    Средната класа имала просечна цена од 25.731 евро во август 2022 година и исто така е зголемена за 14 отсто на годишно ниво, а по неа е високата класа чија просечна цена моментално е 63.374 евра, пишува Ревија ХАК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img