More

    Омилен зеленчук кој е при рака, одличен е за оние кои патат од висок крвен притисок!

    spot_img

    Тимот откри дека луѓето кои консумираат повеќе производи од домати имаат помал ризик од хипертензија.

    „Потрошувачката на домати, вклучително и производите на база на домати, е корисна во превенцијата и управувањето со хипертензијата. Зголеменото консумирање домати го намалува ризикот од хипертензија за 36 отсто, додека умереното конзумирање го намалува крвниот притисок“, пишуваат тие во нивниот научен труд.

    Во текот на три години следеле 7.056 мажи и жени на возраст од 55 до 80 години, од кои 5.821 имале висок крвен притисок, што го зголемува ризикот од срцев удар, срцеви заболувања, мозочен удар, бубрежни заболувања и многу други болести, пренесува The Sun.

    Учесниците беа поделени во четири групи според нивната потрошувачка на домати: помалку од 44 g, помеѓу 44 g и 82 g, 82 g до 110 g и повеќе од 110 g.

    Тимот откри дека луѓето кои консумираат повеќе производи од домати имаат помал ризик од хипертензија.

    Тие вклучуваат сурови домати, сос од домати и газпачо, ладна супа од зеленчук…

    Авторите ги припишуваат овие здравствени придобивки на органското соединение ликопен.

    Калиумот, исто така, може да игра улога, бидејќи се покажа дека помага да се спротивстави на штетните ефекти на солта кај луѓето со висок крвен притисок.

    Еден свеж домат со средна големина содржи приближно 290 милиграми калиум и 4 милиграми ликопен, додека чинија супа од домати содржи околу 25 милиграми ликопен и 280 милиграми калиум.

    Други извори на ликопен и калиум вклучуваат лубеница, кајсии, брусница, банани и печурки.

    И покрај тоа што обезбедија убедливи докази, авторите ги охрабрија луѓето да не ги сметаат доматите за „волшебна храна“, туку „важен елемент на разновидна и здрава исхрана“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img