Од 8ми до 10ти Септември на улица „Кеј Македонија“ спроти хотелот „Палас“ ќе се одржи Охридски фестивал на виното.
За добра забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“ , а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс.
Дополнително за добро расположение ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.
Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви убави културни манифестации.