Огромен пожар изби утрово во станбена зграда во источен Лондон, а на местото веднаш пристигнаа 10 противпожарни возила и 70 пожарникари.
Според британскиот медиум Дејли Мејл, пламени јазици се забележани нешто по 8 часот наутро во станбен блок на улицата Квинс Роуд Вест, во населбата Плаистоу.
Пожарот настанал во стан на десетиот кат од блокот 15, а огнот се проширил на балконот и внатрешноста на станот, соопшти Лондонската противпожарна бригада.
Тројца мажи успеале да избегаат од запалениот стан пред пристигнувањето на брзата помош, која им пружила помош на лице место. Засега нема информации за повредени или за жртви, а околу 30 лица од зградата биле евакуирани. Причината за пожарот сѐ уште не е позната.
Пожарот бил под контрола околу еден час по првата дојава, која стигнала во 8 часот наутро. Според портпаролот на лондонската противпожарна бригада, сообраќајот во областа е отежнат поради присуството на екипите на терен.