More

    Одржувањето на термоелeктраните е запоставено, предупредуваат експерти

    spot_img

    ЕСМ информира дека во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испаднал од мрежа. Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја, и нема дебаланс на системот. Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува Блокот да биде приклучен.

    Информацијата дојде откако неколку часа имаше молк од ЕСМ и од Владата по информацијата соопштена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека трите блока на РЕК Битола се надвор од производство.

    Од ЕСМ соопштија и дека во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена била набавка на електрична енергија, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работел само со еден блок.

    – Согласно планот за производство се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почетокот на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа – велат од ЕСМ.

    Екпсерти предупредуваат дека вакви испади на енергетските капацитети не се добри бидејќи земјата нема доволно производство на струја од други извори со кои може да се покрие кусокот од производството на РЕК Битола. Според нив, ваквата состојба загрижува бидејќи е резултат на низа пропусти направени во изминатиот период, што неповолно ќе се одрази во системот. Интервентен увоз на струја е два пати поскап од редовниот увоз, па затоа не би требало да се случува често, велат тие.

    Поранешниот раководител во РЕК Битола, Спиро Мавровски, вели дека сега единствен излез од состојбата е да се вклучат хидроелектраните за да покријат дел од загубата предизвикана со исклучувањето на Блокот 3 на РЕК Битола кој беше единствен во производство.

    – Секако, овој испад на трите блока на РЕК Битола ќе нè чини дополнителни пари бидејќи цената на увезената струја во интервентни случаи е двапати повисока од набавката на струка која би се вршела однапред. Не се знае ниту какви се акумулациите и состојбата на хидроелектраните кои во овој случај ќе мора да се вклучат. Сега ќе се види и колкави ни се капацитетите на фотоволтаичните централи на ЕСМ и колку тие можат да помогнат во случајот за да нема зголемен увоз на струја. Знаеме дека РЕК Битола произведува 50% од домашната електрична енергија и тоа тешко ќе се покрие со домашно производство без да се увезе струја. Крајниот цех ќе го платиме ние граѓаните – вели Мавровски.

    Според него, зависно од дефектот кој го има во РЕК Битола ќе зависи колку долго ќе треба да се увезува струја или да се користи струјата од фотоволтаичните централи.

    – Ако е дефект на цевка, тоа се поправа за ден-два, но ако е посериозен дефект, не се знае колку време ќе треба за поправка. Знаеме дека причина за дефектот може да биде и тоа што јагленот се меша – увозен и домашен, при што соодносот треба да биде соодветен за да нема проблеми. Што се случува во РЕК Битола моментално никој не може да знае, ако компанијата не сака тоа да го сподели со јавноста – додава Мавровски.

    Тој вели дека да се други времиња сега директорите на ЕСМ и РЕК Битола веќе би добиле отказни решенија.

    – Во минатото за ваков голем испад на РЕК Битола се добиваа откази, а дали ќе се случи тоа денеска? – прашува Мавровски.

    ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека хаваријата се случила во котелскиот дел од електраната, кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен, но ЕСМ, како што соопшти, тврди дека пукнала цевка.

    Професорот Ристо Цицонков вели река ваквата состојба со овој најголем енергетски кашацитет е резултат на низа пропусти правени со години.

    – Ова е последица на лошото управување со термоелектраната и неневремено преземените мерки. Сега ништо друго не останува освен да се увезува струја. Најлошо за граѓаните и компаниите би било да се воведат рестрикции односно да се остават без струја. колку ќе нè чини интервентниот увоз ќе видиме кога ќе се знае колку сме увезле и по кои цени – вели Цицонков.

    РЕК Битола е најголем енергетски капацитет во змејава кој произведува близу 50 отсто од целокупното производство на струја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img