Советниците во Советот на Општина Охрид, денес по завршување на 10-та Седница го одржаа продолжението од прекинатата 8-ма Седница која започна на 10.02.2022 година.
Беа усвоени 28 точки од дневниот ред меѓу кои Предлог – одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко- планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти во селата Пештани, Лескоец, Долно Лакочереј, Плаќе, Велестово, Трпејца, Коњско, Елшани и Љубаништа. Не беа усвоени пет точки од дневниот ред, Предлог одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко- планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП. Бр. 869/1 и 869/2 КО Охрид 4 и на КП. бр. 869 /1 КО Охрид 4. Не беше усвоена Предлог – одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко- планска документација , со цел вклопување на бесправно изграден објект на КП. бр. 4228/4 КО Охрид 4. Советниците не ги изгласаа и Предлог –одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП. бр. 869/1 КО Охрид 4 (втор предмет) и на КП. бр. 869 /1 КО Охрид 4 (трет предмет).