Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовна за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Менторите и учениците беа запознаени со начинот и текот на одржување на квизот и материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Воедно, беше спроведена и кратка вежба за учесниците на националниот натпревар.

На настанот присуствуваа и минатогодишните победници, кои ги споделија своите впечатоци од натпреварот.

Националниот натпревар, на кој ќе ги дознаеме двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, ќе се одржи на 24 март 2022 година преку електронската платформа „Кахут“.

Нашата земја по четврти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација кој има за цел да поттикне финансиската едукација на младите во Европа.

Квизот го организира Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

Share This Article