More

    Одново се зголемува бројот на заболени и хоспитализирани во САД

    spot_img

    Американските државни Центри за спречување на заболувања и превенција вчера соопштија дека САД се наоѓаат во уште еден задоцнет летен Ковид-19 бран, со зголемен број на заболени и хоспитализирани лица во изминатите во текот на месец јули.

    -По околу шест, седум месеци умерен пад, работите започнуваат да одат нагоре. Количините на коронавирус детектиран во канализациските води, процентот на луѓе со позитивни тестови и бројот на оние кои бараат медицинска грижа поради симптоми на Ковид-19, сето ова започна да се зголемува во јули – изјави д-р Брендан Џексон, одговорен за кризи поврзани со Ковид-19.

    Од ЦДЦ укажуваат дека хоспитализациите започнале да одат нагоре во изминатата недела, за првпат по подолго време. Приемот во болниците на болни од Ковид-19 се зголемил за 10 отсто или 7,109 случаи во текот неделата што заврши на 15 јули, претходната недела тој број изнесувал 6,444.

    Зголемените случаи варираат географски, вирусот изгледа најмногу се шири во југоисточниот дел на САД, а најмалку во средниот Запад. Сепак, од ЦДЦ велат дека ако се споредат бројките со изминатите три лета, сегашните се многу пониски.

    Повеќето од хоспитализациите се кај луѓе во измината возраст. Смртноста од Ковид-19 сè уште опаѓа, и ова лето стапката е најниска од моментот кга ЦДЦ започна да ја следи смртноста.

    -Тоа може да се промени во следните недели ако хоспитализациите се зголемат, но не е неизбежно, рече Џексон.

    Препораките за заштита се непроменети. Она што луѓето треба да го прават е да се охрабрува воведување опширен режим за носење маски, велат од ЦДЦ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img