Одјавете ги возилата ако не сте ја продолжиле сообраќајната 2 години

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира до граѓаните ако не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години дека се должни да го одјават своето возило во МВР, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

Сопственици на ваквата категорија возила, соопштија денеска од МВР, најдоцна до 30.06.2022 година треба да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.
Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило, МВР согласносно законските надлежности, ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.

– Согласно пропишаните норми – сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако: возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини, се појаснува во соопштението од МВР.

TAGGED:
Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply