Срѓан Ј., осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, реши во наредниот период да ја изнесе својата одбрана.
Бранителот на осомничениот го известил ова обвинителство дека неговиот клиент сака да ја изнесе својата одбрана“, изјавија за Н1 од Вишото јавно обвинителство во Зајечар.
Како што додаваат, рочиштето на осомничениот Срѓан е закажано за 4 јуни.
Да потсетиме, Срѓан Ј. по приведувањето се бранел молчејќи, односно го искористил законското право да не дава одбрана, додека другиот обвинет Дејан Д. го признал убиството.
Двајцата се во притвор, додека таткото на Дејан Д, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор, бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, притворот не може да трае подолго од два месеци.
Девојчето Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор.
По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата уапсила двајца мажи од Бор, кои се осомничени дека ја удриле девојката со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобил и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.