Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили ја спречиле Украина да го нападне црноморското пристаниште Севастопол на Крим, уништувајќи седум воздушни и два подводни беспилотни летала.
„Утринава беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со седум беспилотни летала и две подводни возила без екипаж врз објекти во областа на полуостровот Крим кај градот Севастопол“, објави Министерството на Телеграма.
Нема повредени или материјална штета, додаваат од Министерството.
Нападите се регистрирани над пристаништето Севастопол и градските области Балаклава и Херсон, објави на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол назначен од Москва. Поморскиот сообраќај, вклучително и патничките фериботи, поради нападите, неколку часа бил во прекин, соопштија градските транспортни власти.
Засега нема детали за размерите на нападот или каква било штета од нападот на полуостровот Крим, што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.