More

    Од Здравство велат дека има глобален дефицит на овој инсулин

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лековите „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Овие два лека се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки во соодветните количини.

    Лековите „оземпик“ и „рибелсус“ се наменети за болеста дијабетес тип 2. Тие ги намалуваат нивоата на шеќер во крвта и го зголемуваат бројот на панкреасни клетки задолжени за создавање инсулин. Познати се и по нивната употреба за слабеење.

    „Во врска со инсулинот ‘ризодег’ од компанијата Ново Нордиск Фарма добиено е известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика“, информира Министерството за здравство.

    Оттаму потенцираат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img