Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија Арсовска дека си игра со здравјето на скопјани

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неспособноста и неодговорноста на Данела Арсовска го доведе градот Скопје до работ на еколошка катастрофа. Тоа што не беше подигнато ѓубрето со денови не само што значеше загрозување на животната средина, туку беше закана и по здравјето на граѓаните. Комунална хигиена не си ја вршеше работата за која е платена од граѓаните и тоа беше причина да се создадат стотици депонии во непосредна близина на домовите, градинките и парковите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, градоначалничката Арсовска како да не сакала овој проблем да се реши, бидејќи, како што велат, кога скопските градоначалници се организираа со помош на своите скромни капацитети и со помош на општините од внатрешноста на државата, Арсовска тоа од каприц го блокираше.

– Очигледно поважни и беа политичките игри отколку интересот на граѓаните и нивното здравје. Народот вели „ем шуто, ем боде“. Арсовска ем не си ја заврши работата и го остави градот да тоне во смет со денови, ем ја одби други да помогнат да се надмине проблемот. Кој беше интересот на Арсовска да се создаде оваа еколошка катастрофа? Дали имаше за цел да ги казнува граѓаните или да дефокусира од други прашања – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Арсовска беше избрана да работи во интерес на народот и да ги реализира проектите кои ги ветуваше. Од ветените проекти нема ништо, туку само клевети и подметнувања. Нејзината неспособност и неодговорност се обидува да ги покрие со нервозни испади и неосновани напади. Народот тоа го гледа и го оценува – додаваат од партијата.

Share This Article